Чилаверт не сопира со давање лекции за Винисиус: Тој сака црномурестите да живеат подобро, а каква врска има тоа со белците!?

Веќе неколку дена траат дебатите откако Винисиус јуниор плачеше на прес конференција во Шпанија, барајќи да има поголемо почитување на црномурестите и жалејќи се дека тој постојано бил цел на напади, а само сакал да игра фудбал.

Еден од оние кои најжестоко контрираше на Винисиус е Хозе Луис Чилаверт. Легендарниот чилеански голман прво му порача на не биде геј, за сега повторно и тоа многу пожестоко му оддржи лекција на младата бразилска ѕвезда.

„Зошто беше грубо тоа што го реков на Винисиус? Затоа што имам здрав разум? Зошто плаче? Он вели дека сака црномурестите да живеат подобро, а каква врска има тоа со белците? Зарем ние сега треба да се убиеме? Кај е тука проблемот? Не треба да се искривуваат работите. Дискриминација има насекаде во светот. Во Аргентина, во Франција, секаде во светот. Мене затоа што сум од Парагвај ме прашуваа дали умирам од глад и ме обвинуваа дека крадам пари. Винисиус се расплаче пред камера, а што да прави човек кој заработува 300 долари и треба да прехрани четири деца? Тој игра за Реал Мадрид. Освен тој, секогаш е прв да нападне противнички играч“, дебатира Чилаверт, кој продолжи во ист стил.

„Каде беше кога бразилската полиција ги тепаше навивачите на Аргентина и на Бока јуниорс? Тоа ли е пример на бразилски водач? Тепаа жени, деца и старци. Кога тепаат тогаш е во ред, а кога покажеш непочитување кон нив, тогаш почнува да плаче“, жесток беше Чилаверт во критиките упатени кон Винисиус.

- Оглас -

Најнови вести