Чиле страда од немири – Прекинато е првенството, Универзидад Католика е првак

Универзидад Католика ја одбрани титулата во Чиле, во најчудното прврнство досега во оваа земја кое е прекинато од политички причини.

Донесена е одлука да не се игра повеќе, а имаше уште шест кола. Причината се сериозните превирања и немири во Чиле, па заради безбедност шампионатот нема да се доигра, а со административна одлука титулата му е доделена на лидерот.

Универзидад Католика сега има 14 титули и е третата најтрофејна екипа во Чиле, зад рекордерот Коло Коло со 32 и Универзидад Де Чиле со 18.

И до прекинот на првенството актуелниот првак беше убедливо најдобар и со 53 бода беше на прагот на пехарот. Зад Универзидад Католика на второто место е Коло Коло со 40 бода. Тие две екипи ќе играат во Копа Либертадорес, а третопласираниот Палестино ќе игра квалификации за пробив во фазата по групи во јужноамериканската Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести