Чилеанска пливачка постави нереален Гинисов рекорд пливајќи меѓу два океани (Видео)

Чилеанската пливачка Барбара Хернандес постави нов Гинисов рекорд, откако успеа да преплива 5.500 метри за 15 минути и три секунди во ледена вода. Потфатот на 36-годишната пливачка се случи на место меѓу Тихиот и Атланскиот океан, во јужно Чиле.

Светската пливачка асоцијација на отворени води истотака ја награди како прва личност која некогаш препливала пет и пол километри меѓу два океани.

„Нашиот план беше да постигнеме рекорд како да препливаме најголема дестинација на тоа место. Таму е многу тешко да се плива, има големи бранови кои ве тераат да нуркате во вода која е со 7-8 целзиусеви степени. Успеав да поминам 5,5 километри и постигнав Гинисов рекорд“, задоволно коментираше Хернандес, која е позната и како Ледена сирена.

- Оглас -

Најнови вести