Чилеански тим претера со рекламата на дресовите

Во современиот фудбал не се може без стабилни спонзори, но компаниите често знаат да претераат, па за нив важи максимата: „кој плаќа, тој порачува музика“, но некогаш се оди до невкус, како во случајот со чилеанскиот тим О`Хигинс.

Играчите на О`Хигинс викендов дебитираа во новите розеви дресови, на кои внимание привлече задната страна. На дресот не се гледаше убаво бројката, туку доминираа златно жолти пржени компири и кечап на врвот за да му се направи мерак на спонзорот, познатиот ланец за брза храна „Мекдоналдс“. Во долниот дел на дресот има кутивче со испржени компири со логото на компанијата.

Овој дрес не му донесе среќа на О`Хигинс, тимот загуби со 1-2 на гостувањето кај Уачипато, а клубот можеби и ќе плати казна бидејќи на телевизија не се гледале убаво бројките на дресот. Луѓето во маркетингот не предвиделе дека на светло розева позадина жолтите бројки нема да се гледаат убаво.

Сега фановите чекаат тимот да игра дома, па да се види како ќе изгледа домашниот комплет дресови.

- Оглас -

Најнови вести