Чиро Блажевиќ е многу лут на Барселона

Барселона неодамна ги претстави новите дресови за следната сезона, кои за прв пат во 120-годишната историја нема да бидат „во линии“, туку се во „коцки“. Новиот дрес на каталонскиот гигант многу потсетува на дресот кој го има хрватската репрезентација. Според многумина, разликата е само во тоа што белите коцки од хрватскито дрес, се темносини на тој на Барселона.

Еден од оние кои се лути на ваквиот дрес на Барселона е легендарниот хрватски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ.

„Бев шокиран и револтиран кога видов дека Барселона ставила „коцки“ на дресовите. Не знам дали постои некаква можност да реагираме, но се надевам дека Шукер направил некаква заштита на нашиот бренд. Барселона едноставно го копирала нашиот дрес и некој треба да го објасни тоа“, вели популарниот Чиро.

 

- Оглас -

Најнови вести