Чиро е премногу сериозен за да биде Џокер (Фото)

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, стана хит на социјалните мрежи, откако објави фотографија по повод Ноќта на вештерките, на која тој е маскиран во филмскиот лик Џокер, а неговата сопруга Џесика е во костим на девојката на Џокерот, Харли Квин.

Најкарактеристична за Џокерот е неговата насмевка, а Имобиле е мртов сериозен на фотографијата, и за тоа имаше најмногу шеги на негова сметка.

- Оглас -

Најнови вести