Читателите на „Марка“ бираа: Јовиќ пред Гриезман и Азар како најлошо засилување

Лука Јовиќ ги „победи“ Еден Азар и Антоан Гриезман како најлошо засилување во Ла Лига за сезоната 2019/20. Србинот го одбраа читателите на шпанскиот лист „Марка“, кој доби 30% од гласовите, додека Азар и Гриезман имаа по 19 отсто.

Јовиќ одигра вкупно 25 меча за Кралевите, главно влегувајќи од клупата, во кои забележа по два гола и асистенции, неоправдувајќи ги исплатените 60 милиони евра на Ајнтрахт.

Лошата дебитантска сезона може да му биде и единствена како член на Реал, со оглед на тоа дека неколку клубови од Премиер лигата и Серија А се интересираат за услугите на српскиот репрезентативец.

Сосема спротивно од Јовиќ, за најдобро засилување беше изгласан Лукас Окампос, кој за Севилја запиша 33 настапи во Ла Лига и реализира 14 погодоци со три асистенции, а во андалузискиот клуб пристигна за 15 милиони евра од Марсеј.

 

- Оглас -

Најнови вести