Чоло слави голем јубилеј, ќе се налути ако Атлетико прими гол од Хетафе

Диего Пабло Симеоне пред девет години, во декември 2011 година, стана тренер на Атлетико Мадрид и иако тој потег со голем оптимизам и ентизијазам беше примен од фановите, веројатно никој не ни помисли дека Чоло речиси една деценија ќе се задржи на клупата на Рохибланкос.

Првиот меч му беше на 7 јануари 2012 година, кога Атлетико одигра 0-0 против Малага. Тој дуел како да најави каков Атлетико ќе гледаме во следните години. Од досегашните 499 меча со Симеоне како тренер, Атлетико дури на 259 не прими гол. Атлетико освои седум трофеи, но му фали титула во Лигата на шампионите, иако двапати беа финалисти и многу блиску до искачување на европскиот врв, особено во 2014 година.

Реал Мадрид беше кобен за Чоло во финалињата на ЛШ, а градскиот ривал е и противник со кого Чоло се има сретнато најмногу пати откако е во Атлетико.

Вечерва на „Ванда Метрополитано“, Симеоне по јубилеен 500-ти пат ќе го води Атлетико и за противник има мадридски тим, за негова среќа, не е Реал туку Хетафе.

Има еден неверојатен податок, Атлетико со Симеоне на клупата, играл 18 пати против Хетафе и никогаш не примил гол. Билансот им е 16 победи и две ремија. Најчестиот резултат на Атлетико со Симеоне како тренер е 1-0 (86 пати), а често играле и 2-0 (66 пати), 1-1 (55 пати) и 0-0 (45 пати). Од овие 499 меча, играч кој најчесто се појавил бил Коке, кој одиграл 439.

- Оглас -

Најнови вести