Човекот кого го нарекуваат „професор по фудбал“ е најсериозен кандидат за тренер на Баерн?!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер кој ќе ги предводи од следната сезона. Најзвучни имиња кои се споменуваат се Зинедин Зидан и Роберто де Зерби, но сега едно друго име исплива како прв кандидат за клупата на Баварците.

Тренерот кого го нарекуваат „професор по фудбал“, односно Ралф Рангник, е најсериозен кандидат за нов тренер на гигантот од Баварија. Рангник моментално е селектор на репрезентацијата на Австрија, која во јуни ќе настапи на Европското првенство во Германија.

Тој во својата кариера беше на клупата на Манчестер јунајтед, а претходно ги предводеше и Шалке, Хофенхајм, Лајпциг, Улм, Ројтлинген, Штутгарт и Хановер.

- Оглас -

Најнови вести