Човекот поради кој Рома загуби службено од Верона си даде отказ и заминува во – Верона!

По големата грешка со погрешното запишување на фудбалерот Амаду Дијавара како младинец до 22 години, иако одамна наполни 23 години, Рома со службен резултат го загуби мечот со Верона, кој заврши 0-0, но тука не е крајот на циркусот.

Човекот кој заборави да го запише Дијавара во сениорскиот состав на Волчицата, Панталео Лонго, одлучи да си даде отказ и да ја напушти Рома по скандалот. Да биде работата полоша и шокот поголем, Лонго по разделбата со Рома, денеска се договорил со управата на Верона, каде што ќе ја врши истата функција (генерален секретар) како во Рома.

Изгледа во Верона не се плашат дека Лонго и кај нив може да направи катастрофална грешка.

Лонго во Рома дојде летото 2018 година, заедно со пријателот Џанлука Петраки, кој беше избркан во јуни годинава по караница со експретседателот Џејмс Палота.

- Оглас -

Најнови вести