Човекот што го уби татко му на Џордан по 27 години излегува од затвор

Убиецот на Џејмс Џордан (татко на славниот кошаркар Мајкл Џордан) по 27 години робија, би можело да излезе од затвор.

Таткото на Џордан е убиен во својот автомобил во јули 1993 година, а потоа телото му беше фрлено од мост во Северна Каролина. Телото е пронајдено по 11 дена во Јужна Каролина, а беа уапсени две осомничени лица. Едниот е Лери Демери, другиот е Даниел Грин, двајцата беа осудени доживотно за убиство на Џејмс Џордан.

Но, по 27 години одлежување на казната, комисијата за условна слобода би можела да пушти еден од нив. Поради примерно однесување, Демери има шанса да биде пуштен. За случајот уште се разговара. Не се знае дали и Грин ќе го побара тоа, но факт е дека со убијците на слобода, Мајкл Џордан нема да биде среќен.

МЏ по убиството на татко му ја прекина кариерата, но на паркетот се врати две години подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести