Човекот со гром сервис и две загубени гренслем финалиња му кажа збогум на тенисот

Кевин Андерсон ја заврши тениската кариера на 35-годишна возраст и ќе биде запаметен како еден од играчите со најсилен сервис.

Јужноафриканецот објави крај на кариерата во која освои 7 АТП титули, а двапати беше поразен во гренслем-финалињата.

Во 2017 година загуби меч за титула во Њујорк на Отвореното првенство на САД од Рафаел Надал, а следнта година пак не успеа да ја мине последната пречка за гренслем-трофеј, откако Новак Ѓоковиќ го победи на Вимблдон со 3:0 во сетови.

Андерсон е на 12-тото место на вечната листа со најмногу асови, а ја зварши кариерата со импресивна бројка од 7.685 поени освоени директно од сервис.

Рекорд му се 49 аса во првото коло на Отвореното првенство на САД лани, кога го победи Јиржи Весели со 3:2 во сетови.

Интересно е што во 2009 година не играше за Јужна Африка во меч од Дејвис купот против Македонија во Јоханесбург, а и без него домаќините победија со 5:0.

 

- Оглас -

Најнови вести