Чуда се случуваат: полуаматерски клуб со најмал буџет во лигата стана првак на Исланд!

Викингур од Рејкјавик е нов шампион на Исланд. Во оваа земја сезоната се игра во 22 кола, во периодот од мај до септември, а титулата за Викинзите е изненадување бидејќи тие се полуаматерски клуб со најмал буџет и најмал фонд на играчи во тамошната прва лига. Вкупната вредност на тимот е проценета на скромни 1,4 милиони евра.

Клубот е стар, формиран е пред 113 години, а титули освојувал во 1920, 2924, 1981, 1982, 1991 и 2021. Долго чекаа титула бидејќи имаа многу играчи кои не се професионалци, често се селеа и во вторта лига, а имаа и два кратки излети во Европа.

Сезонава само со 20 играчи во првиот тим, со полуаматерски договори, станаа прваци со бод повеќе од Брејдаблик. Така, следното лето клубот ќе игра квалификации за ЛШ, можеби и против македонскиот првак, па за играње во Европа, работните одела со задоволство ќе треба да ги заменат со дресот на Викингур.

 

- Оглас -

Најнови вести