Чуден меч во Франција: Девет гола, три црвени за Мец, два пенали за Генгамп и победа со пресврт

Мец и Генгамп одиграа неверојатен меч во француската втора лига, кој што на крајот заврши со триумф на гостите од 3:6.

Но, за да дојдат до трите бода, тие добија „ветар во грб“ од главниот судија Пјер Галуст кој што му даде три црвени картони на Мец, од кои два во првото полувреме, но досуди и два пенали за гостите, за на крај да има и седум голови на оваа средба.

Со автоголот на Винсен Мансу домаќините се израдуваа на водство, но во 8-та минута следеше израмнување преку Жереми Ливолан кој што го погоди првиот од двата пенали за гостите.

Абиле Џалоу потоа погоди на двапати (10′, 16′) и се чинеше дека се оди во насока дека домаќинот ќе слави, но не беше така.

Во 31-та минута следеше црвен картон за Кики Кујате а потоа набрзо во соблекувалната замина и Александре Оукиџа (45+3), откако една минута претходно гол постигна Стивен Кемпер за 3:2.

Нов пенал, овојпат во 45+7 минута беше досуден за гостите а реализатор беше Гаетан Курте, со што се замина на пауза со 3:3.

Следеше нов црвен картон, овојпат на Жан Жакел и тоа во 55-та минута, а преостанатите осум играчи на теренот едноставно не можеа да парираат наГенгамп кој преку Дилан Лусиере (69′) направи целосен пресврт, а со головите на Варен Чимбембе (85′) и Ливоант (88′) и на крајот стави печат на победата.

Ќе има големи полемики за регуларноста и судењето на овој меч во француската јавност, тоа е и повеќе од јасно.

 

- Оглас -

Најнови вести