Чудна е АТП листата, вториот најдобар на светот не може никого да победи на бавна подлога

Аслан Карацев со лесни 6-2, 6-4 го доби руското дерби против Данил Медведев во второто коло на Мастерсот во Рим, но ова е изненадување само ако се погледне пласманот на овие тенисери на светската ранг-листа. Медведев е втор, во следните месеци ќе атакува дури и на врвот на Новак Ѓоковиќ, но очајно игра на бавна подлога.

Карацев е 27-ми на светот, но знае да игра на земја, па за 1 час и 18 минути го надигра Медведев. Карацев годинава има пет победи против Топ 10 тенисери.

Од друга страна, популарниот Медо трпи критики што не се ни труди да ја поправи својата игра на земјена подлога, па овој пораз нема многу негативно да влијае врз него, но секако е чудно како некој што добил само еден од последните осум меча на земја, се наоѓа на втората позиција на светската ранг-листа.

- Оглас -

Најнови вести