Чудна продажба на Барса, откупната клаузула на Тринкао ќе расте секоја година

Барселона ја договори продажбата на Франциско Тринкао со Спортинг Лисабон за сума од 10 милиони евра.

Пред само неколку дена Каталонците инкасираа 8 милиони евра за позајмицата на Тринкао во Вулверхемптон, а премиерлигашот одлучи да не го откупи неговиот договор. Од сумата за која Тринкао замина во Спортинг, два милиони евра ќе припаднат на Волците, според одредена клаузула.

Чудната работа во овој трансфер е што Барса се согласи на растечка откупна клаузула доколку сака да го врати португалскиот крилен играч назад на „Камп ноу“. Идното лето таа ќе чини 15 милиони евра, во летото 2024 година ќе изнесува 17,5 милиони, а во летото 2025 ќе стигне до 20 милиони евра.

Доколку Спортинг го продаде Тринкао на друг клуб, дури 50% од цената на продажбата ќе ѝ биде гарантирана на Барселона. Инаку Португалецот на „Камп ноу“ пристигна во август 2020 година за 31 милион евра од редовите на Брага, трансфер кој се покажа како промашување за шпанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести