Чудна споредба на Менди, за него исто се Халанд и Бентеке!

Голманот на Челзи, Едуард Менди, изјави дека за него и за другите голмани, иста е подготовката пред секој натпревар, без разлика кој е напаѓачот на противниците. Затоа Менди не верува дека голманите во Премиерлигата ќе се плашат од гол-машината Ерлинг Халанд кој го засили Манчестер сити.

„Халанд ќе го гледам со исти очи како и Бентеке, нема голема разлика помеѓу Манчестер сити и Кристал Палас. Ги проучувам напаѓачите, тоа е моја работа, мора да се биде фокусиран на секој меч, без разлика кој напаѓа“ – изјави Менди.

Инаку, Бентеке минатата сезона даде 4 гола во Премиерлигата и има 142 гола на 453 меча во кариерата, а Халанд даде 22 гола во Бундеслигата минатата сезона, а севкупно во кариерата како сениор, постигнал 134 погодоци на 181 настап.

- Оглас -

Најнови вести