Чудно братско дерби – Вардар го победи Тетекс во Велес и пак е лидер во Втората лига

Чудно братско дерби одиграа Вардар и Тетекс, на неутрален терен во Велес, а условно домаќинот од Тетово загуби со 0:2 од најтрофејниот македонски клуб, кој повторно е лидер на табелата во Втората лига.

Со головите на Николовски и Мицевски, Вардар славеше лесно и очекувано, а неочекуван кикс забележа Гостивар.

Водечката екипа до ова коло одигра нерешено 1:1 на домашен терен со Детонит Плачковица и му го препушти врвот на Вардар.

Скопјани имаат 32 бода, Гостивар 31, а Воска 30 по денешната победа против Охрид со 3:0.

Пелистер славеше во возбудлив меч со Пехчево на гости со 2:3, иако губеше со 2:1 и се проби на четвртото место со 26 бода, еден повеќе од Детонит Плачковица.

 

- Оглас -

Најнови вести