Чудно, но вистинито: Двата најголеми дерби-дуела викендов се и најсигурни за прогнозирање

По еднонеделната пауза поради репрезентативните возбудувања, Спортската прогноза со клупски возбудувања повторно е на репертоарот во Sport Life. Ова 24-то коло ќе започне в сабота од 13:30 часот, кога е закажан и првиот дуел, дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул. Ова е меч на клубовите кои доминираа во Премиер лигата во последните неколку сезони, но Ливерпул сезонава игра под просекот, па затоа не е чудно што речиси 80 отсто од прогнозерите очекуваат победа на Граѓаните.

Второто големо дерби кое ќе се игра во Германија меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Милионерите од Дортмунд се први на табелата со 53 бода, а Баерн е втор со бод помалку. Ова ќе биде прв меч за Томас Тухел како тренер на Баерн, а дури 80 отсто од прогнозерите очекуваат триумф на актуелниот германски првак.

Овие два меча се само еден мал дел од вкупно 13 натпревари кои се дел од ова коло, а интересно е дека од сите понудени средби, според процентите, токму на двата дерби-дуела се најјасни победниците.

За секој прогнозер главен предизвик како во ова така и во секое коло е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 натпревари. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X).

Подароци има и за прогнозерите кои ќе имаат 12 и 11 погодоци. За 12 погодоци се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11-ка тој ваучер изнесува 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести