Чудно, но вистинито: Реал никогаш го нема победено Челзи

Sport Life веднаш ги обелодени коефициентите за првите два полуфинални дуели во Лигата на шампионите кои се закажани за 27, односно 28 април, а како што е веќе познато, двојките се Манчестер сити – ПСЖ и Реал Мадрид – Челзи.

Околу втората средба има еден интересен факт, а тоа е дека Кралевите никогаш не го победиле лондонскиот тим во меч од натпреварувачки карактер. Низ историјата Реал и Челзи се сретнале трипати, и тоа во дуели во кои се бореле за трофеј.

Во 1971 година, во финалето од тогашното натпреварување на УЕФА, Куп на победници на куповите, Челзи го доби двомечот со вкупен резултат 3-1 (1-0, 2-1). По 27 години пауза, односно во 1998 година, двата гиганти се сретнаа во Суперкупот на УЕФА, а Сините стигнаа до трофејот благодарение на Гус Поје и неговиот победнички гол во 83-тата минута за конечни 1-0.

Од тогаш Реал и Челзи се сретнаа само двапати во пријателски натпревари кои се одиграа во САД. Кралевите двапати беа подобри со победи од 3-1 и 3-2 во 2013, односно 2016 година.

За првпат во историјата овие две екипи ќе се сретнат во Лигата на шампионите, а со оглед на искуството на Реал и како најтрофеен клуб во ова натпреварување, актуелниот шпански првак е фаворит да стигне до големото финале во Истанбул.

На 28 април Реал ќе го нагости Челзи на „Алфредо ди Стефано“, додека реваншот на „Стемфорд бриџ“ е закажан за 4 мај.

- Оглас -

Најнови вести