Чудно тврдење на Шурле: Кариерата ми пропадна поради порција пилешко месо

Андре Шурле со репрезентацијата на Германија во 2014 година го освоија Светското првенство кое се играше во Бразил. Но, оттогаш неговата кариера беше во надолна линија, за минатата сезона да ги закачи копачките на клин.

Интересно е што тој тврди дека е „благодарение“ на порција пилешко месо.

„Во 2014 година бевме на летна турнеја во Полска со екипата на Челзи, и изедов порција пилешко месо. Од сите играчи само јас бев со огромни болки во стомакот, омалаксаност и температура. На крајот се испостави дека имам салмонела. Изгубив пет кила за една недела, а потоа изгубив многу време за да се вратам во потребната форма. Сепак, тоа ме исфрли од првиот тим на Челзи. Можам да кажам дека кариерата ми пропадна поради тоа пилешко месо“ изјави Шурле.

Во својата богата кариера, германскиот интернационалец играше за екипите на Челзи, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Фулам, Мајнц и Спартак Москва, а има постигнато 110 гола и забележано 51 асистенција.

- Оглас -

Најнови вести