Чудо од 13 години е сениорски првак на САД во уметничко лизгање (Видео)

Алиса Лиу пред неколку дена стана најмлада шампионка на САД во уметничко лизгање. Алиса штотуку стана тинејџерка, има 13 години и e висока само 140 сантиметри, па веќе ја нарекуваат чудо од дете.

Златниот медал за титулата државен првак суперталентираната лизгачка му го подари на нејзиниот татко, адвокатот Артур, кој во 1990 година се пресели во САД.

„Татко ми многу ми помогна. Тој ме носи на лизгалиште, инвестираше многу во мене, потроши многу енергија за да ми помогне во градењето на кариера“, рече малата Алиса.

Бидејќи има само 13 години, не може да учествува на меѓународни натпреварувања (минимумот е 15 години), но како што тргнала, ќе ги следи стапките на Тара Липински, која со 14 години освои титула во САД, или на Мишел Кван, која исто така беше со азиско потекло и на 17 години стана олимписка шампионка.

Минијатурната Лиу, која е од северниот дел на Калифорнија, има три деветгодишни сестри близначки, родени со вештачко оплодување на сурогат мајка.

Наредните Зимски олимписки игри се во 2022 година во Пекинг, родната земја на нејзиниот татко. Американките од 2006 година наваму немаат освоено медал на ОИ во уметничко лизгање.

Погледнете ја во една минута целата елеганција и лизгачки квалитет на 13-годишната Лиу:

 

- Оглас -

Најнови вести