Чудесен старт на плејофот во НХЛ – Три маратони на мраз, само шампионот победи во регуларен дел

Чудесен старт на плејофот има во НХЛ-лигата и на првите три натпревари што го означија почетокот на доигрувањето за титулата завршија по продолженија.

Вашингтон го победи Бостон со 3:2, со златен гол во дополнителното време, Њујорк ајландерс го стори тоа против Питсбург и славеше со 4:3 како гостин, а Минесота го изненади Вегас со триумф како гостин со 1:0, исто така по продолженија.

Тоа најавува маратонски мечеви и возбудлив плејоф, а и четвртиот меч што се одигра беше многу интересен.

Шампионот Тампа беј го доби првиот меч од дербито со локалниот ривал Флорида со 5:4 како гостин. Само тука немаше продолженија, но имаше неколку пресврти.

Тампа водеше со 1:0, па Флорида имаше предност од 2:1 по првата третина. Потоа повторно гостите поведоа со 3:2, а и Флорида одговори со нов пресврт за 4:3, по што Брејден Поинт постигна два гола во последните 7 минути за стартна победа од 5:4 на актуелниот шампион Тампа беј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести