Чудото од гол само една недела беше рекорден, магијата на Кипар сега е на чело (Видео)

Дуелот меѓу Омонија и ПСВ Ајндховен беше најинтересниот од синоќешната понуда во Лигата на Европа. Прво, затоа што гостите направија целосен пресврт и со гол во 92 минута стигнаа до победа, а второ, поради погодокот што го постигна домашниот играч Гомез во 29 минута. 

Гомес погоди од слободен удар од својата половина и сигурно тоа беше најатрактивниот погодок во второто коло од Лигата на Европа. По направената пресметка, утврдено е дека голот на Гомес е постигнат од 56 метри одалеченост од голот на ПСВ Ајндховен, што преставува и нов рекорд во второто по ранг натпреварување во Европа.

Претходниот рекорд за погодок од најголема дистанца го држеше играчот на Глазгов Ренџерс, Кемар Руф кој против Стандард Лиеж пред само осум дена погоди од 54,6 метри. Тој рекорд на Руф траеше една недела, затоа што погодокот на Гомес е постигнат од едно и пол метри подалеку од реализацијата на Руф.

https://youtu.be/ylhwxPeYUvM

 

- Оглас -

Најнови вести