ПСВ прими гол од 60 метри, па со погодок во последната секунда стигна до победа (Видео)

ПСВ Ајндховен со 2:1 победи против Омонија на Кипар, во меч на кој гостите прво доживеаа шок, а потоа ја скратија радоста на домаќините. Омонија поведе со голот на Гомез во 29-тата минута, постигнат од слободен удар изведен од околу 60 метри.

Домаќините беа во напад кога судијата покажа дека има фаул, а Гомез кој забележа дека гостискиот голман е излезен напред, брзо шутираше и спектакуларно погоди.

ПСВ израмни во 40-тата минута преку Мален, а во 92-рата минута истиот играч постигна уште еден гол за целосен пресврт и три бода за гостите од Холандија.

Од фаворитите, победи Арсенал на свој терен против Дандалк со 3:0, АЗ Алкмар против Риека со 4:1 и Бенфика со 3:0 против Стандард Лиеж.

Рома во Рим не успеа да и даде гол на ЦСКА Софија, а Баер Леверкузен загуби на гости кај Славија Прага. Наполи со 1:0 беше подобар на гости кај Реал Сосиедад, а Елиф Елмас остана на клупата за резерви.

Во мечевите кои се одиграа порано денеска, Црвена ѕвезда се израдува на историски најубедливата победа во групна фаза од европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести