Чурлинов е во гол ритам, погоди и против Болоња (Видео)

Дарко Чурлинов продолжува со одличните игри во дресот на Келн и повторно беше стрелец на погодок. На дуелот против Болоња, Чурлонов во игра влезе во второто полувреме, а погоди во 72 минута, кога зголеми на 3:0. До крајот на средбата, италијанскиот тим даде почесен погодок.

Македонскиот репрезентативец игра феноменално во подготвитениот период и за него ова беше петти погодок, со што само потврдува дека го заслужува местото во сениорскиот тим на Келн.

https://streamable.com/y0hmu

- Оглас -

Најнови вести