Д`Аверса си замина од Парма, Ливерани ќе биде нов тренер на Млекарите

Роберто Д`Аверса и Парма се договорија да се разделат со заеднички договор за прекин на соработката што беше успешна и го доведе тимот и до кам-бек во Серија А.

Според италијанските медиуми 45-годишниот стратег од лични причини одлучил да си замине, што е прифатено од раководството на клубот.

Д`Аверса беше тренер на Парма од 2016 година, а претходно бил шеф на стручен штаб само во Виртус Ланчијано, клуб од пониските лиги во Италија.

Најавено е дека се очекува Фабио Ливерани да биде нов тренер на Парма, како замена за Д`Аверса. Ливерани по завршувањето на сезоната 2019/20 си замина од Лече и речиси сигурно ќе биде именуван за нов стратег на Парма.

- Оглас -

Најнови вести