Да беше фудбал ќе му го признаеја голот, ама ова е хокеј (Видео)

Необична ситуација се случи на натпреварот од хокеарската НХЛ лига помеѓу Отава сенаторс и Тампа Беј лајтнинг. Гостите победија со 5-3, а канадскиот тим со секакви, па и недозволени средства, се обидуваше да се избори за подобар резултат, но судиите постапуваа по правилата и го поништија најчудниот гол сезонава во НХЛ.

При резултат 3-4, Колин Вајт од Сенаторс се најде во шанса да изедначи, и откако пакот летна високо, при спуштањето, Вајт го удри со глава и тој влезе во мрежата. Радоста траеше кратко, бидејќи судиите го поништија погодокот. Во хокејот, не смее да се даде гол со намерен удар со рака или глава. Да беше фудбал, ова е чист гол, но во хокејот, не важи.

Погледнете ја интересната ситуација пред голот на Тампа беј:

- Оглас -

Најнови вести