Да не се мачи Челзи, Брајтон му помогна да даде гол (Видео)

Стивен Алзате направи кардинална грешка во 23-тата минута и му подари чиста позиција за гол на Тимо Вернер, а новото засилување на Челзи умешно го искористи подарокот и над него беше направен пенал, што успешно го реализира Жоржињо.

Алзате имаше погрешен пас во опасната зона пред голот на Брајтон, а потоа Вернер покажа колку е брз и умешно се подмести за фаул, што го направи голманот на домаќините Рајан.

https://twitter.com/LDNFootbalI/status/1305592846800637958?s=20

Ударот од белата точка лесно го реализираше Жоржињо за предност на Челзи од 1:0 во последниот меч од скратената прва рунда во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести