Да не жали за зицерот: Елмас со Наполи го освои Купот на Италија (видео)

Наполи го освои Купот на Италија против Јувентус по пенал-серијата во која Наполитанците беа попрецизни со 4-2. Во регуларните 90 минути немаше погодоци, па двете екипи го чекаа финишот за во пенал-рулет да си ја бараат среќата.

Огромна шанса имаше Елиф Елмас во 92-рата минута од судиското надополнување да го донесе трофејот за Наполи, меѓутоа неговиот удар пред голот го одбрани Буфон. Инаку македонскиот дијамант во дебитантската сезона како член на Наполи освои трофеј, па може да се каже дека за него сезоната е успешна.

Во пенал-серијата за Наполи без грешка погодија Инсиње, Политано, Максимовиќ и Милик, додека Дибала и Данило утнаа за Јувентус. За Наполи ова е шести трофеј во Купот на Италија, последен пат го освоија во сезоната 2013/14.

https://twitter.com/sscnapoli/status/1273362495160401924/photo/1

- Оглас -

Најнови вести