Да плачеш или да се смееш, дефинитивно ова е најчудниот автогол на годината (Видео)

Неверојатна сцена се случи на натпревар од четвртата бразилска лига. Падна еден антологиски автогол кој нема лесно и брзо да го заборават малерозните фудбалери кои го постигнаа.

Голманот одбрани еден шут на противнички играч, поточно ја одби топката и тргне кон неа да ја прифати со две раце. Но, неговиот клупски колега беше побрз, и испаничено тргна да ја шутне топката што подалеку. За негова жал, топката удри во главата на голманот и за несреќа влезе во голот.

Погледнете ја неверојатната ситуација која ги насмеа сите, освен играчите и навивачите на тимот кој си даде автогол:

- Оглас -

Најнови вести