Свен-Јоран Ериксон, 75-годишниот шведски тренер кој водеше многу големи тимови, вклучително и националниот тим на Англија, со трогателни зборови се збогува со светот. Минатиот јануари тој откри дека се бори со рак и изјави дека не му останува многу време за живеење.
„Имав добар живот, да. Мислам дека сите се плашиме од денот кога животот ќе заврши, кога ќе умреме. Но, смртта исто така е дел од животот. Мораш да научиш да го прифатиш тоа како што е. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат: ‘Да, тој беше добар човек’, иако не секој ќе го каже тоа.
Се надевам дека ќе ме запомните како позитивна личност која секогаш се трудеше да го даде најдоброто од себе. Немојте да жалите, насмевнете се! Ви благодарам за сѐ, тренери, играчи, публика.
Сѐ беше фантастично. Чувајте се, чувајте го својот живот и живејте го. Збогум!“, сподели големиот тренер.
😢 "Take care of yourself, and take care of your life, and live it. Bye"
— Mirror Football (@MirrorFootball) August 20, 2024
🗣️ Sven-Goran Eriksson delivers final goodbye and admits how he wants people to remember himhttps://t.co/0sLgRXzo7n pic.twitter.com/7d7IT2JPIa