Да се знае кој е шампион – Лејкерс го добија дербито на Лос Анџелес на стартот од подготвителните мечеви

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, двете најголеми ѕвезди на шампионот Лос Анџелес лејкерс не играа на првиот меч од претсезоната во НБА лигата, а сепак Езерџиите го победија градскиот ривал Лос Анџелес клиперс со 87:81.

Кај Клиперс настапиja и Кавај Ленард и Пол Џорџ, но со ограничена минутажа. Џорџ со 10 поени беше најефикасен во својот тим, а Ленард постигна 3 поени за нешто повеќе од 14 минути игра.

Кај победничкиот тим Хортон-Такер беше најефикасен со 19 поени, Кузма уфрли 18, а одличен беше и Харел, кој пристигна токму од редовите на Клиперс со дабл-дабл од 13 поени и 12 скока.

Ноќеска се одиграа уште четири меча, први во подготвителниот период на претсезонски мечеви. Официјално НБА сезоната треба да почне на 22. декември.

Резултати: Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс 87:81, Атланта – Орландо 112:116, Детроит – Њујорк 84:90, Чикаго – Хјустон 104:125, Портланд – Сакраменто 127:102.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести