Да тргне сезоната: Пенал во 45+9 донесе супер добивка од речиси 1.600 евра во Куманово

Почна фудбалската сезона, а со неа стартуваше и масовното обложување на светско ниво. Нас нè интересираат најсочните добивки во најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, во којашто типувач од Куманово си ги наполни џебовите со одлична добивка од 97.210 денари, или речиси 1.600 евра, а за уплата издвои само 50 денари.

На тикетот од седум пара погодена е топ-квота 8 со типот 2-23+ за победа од 2-1 на Монако на гостувањето кај Стразбур, но тестирање на нервите беше дуелот меѓу Евертон и Челзи.

Типувачот прогнозираше триумф на Сините со тоа што ќе го обезбедат уште во првото полувреме, па типот 2-2 со квота 2.50 се покажа како точен дури во деветтата минута од судиското надополнување во првото полувреме. Гостите од Лондон добија пенал кој го реализираше Жоржињо, а резултатот од 0-1 остана конечен.

ГЕРМАНСКИ ПОДАРОЦИ ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Сезоната во Бундеслигата тргна очекувано со многу погодоци, а овој типувач од Охрид ги „намириса“ дуелите во кои на двете страни ќе паднат голови во првото полувреме. Во 42-рата минута се потврди типот ГГпрво во мечот Менхенгладбах – Хофенхајм за 3.10 квота, додека Волфсбург и Вердер беа побрзи и само по 20 минути резултатот беше 1-1 за погодување на истиот тип, но со поголема квота од 4.30.

Скомната уплата на Охриѓанецот од само 50 денари му донесе фантастичен старт на фудбалско-обложувачката сезона со супер-добивка од 83.239 денари.

- Оглас -

Најнови вести