Даде гол и ги провоцираше противничките навивачи, па мораше да бега (Видео)

Лудогорец го доби дербито против Левски на гости со 2-0 и остана лидер во бугарското првенство по 29 одиграни кола. Малку фалеше дербито да не го дочека крајот, и тоа поради провокација на гостинскиот играч Космин Моци. Романскиот интернационалец погоди за 2-0 во 80-тата минута, а реши да прослави со раширени раце пред трибината на која се наоѓаат најверните навивачи на Левски.

Оваа провокација на Моци ги налути домашните фанови, кои почнаа да скокаат од трибината сакајќи да влезат на теренот и да се пресметаат со провокаторот. Поради начинот на којшто прослави Моци, доби жолт картон, што беше втор за него и мораше да оди предвреме во соблекувалната.

И на патот кон соблекувалната Моци малку фалеше да биде нападнат од навивач кој скокна врз тунелот кој води кон соблекувалната.

https://twitter.com/shumansko/status/1117489308456321024

- Оглас -

Најнови вести