Даде гол и ја скрши конструкцијата на голот (Видео)

Томислав Мрчела е играч на Перт, за кого сега дознаа многу подалеку од Австралија. Тој е играчот кој успеа да ја скрши конструкцијата од голот на Централ Кост Маринерс. Перт изведе слободен удар, а Мрчела со глава успеа да постигне гол. Играчот толку многу беше залетан, по што буквално влета во мрежата на противникот.

Судијата поради офсајд го поништи голот, а Мрчела откако се вплетка во мрежата, со својата тежина, успеа да ја скрши конструкцијата на голот. Стативата пукна, па имаше прекин кој траеше дури 45 минути, за да се смени конструкцијата на голот, а потоа мечот продолжи. Поништениот погодок на Мрчела по кој се скрши конструкцијата на голот, може да го погледнете  ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести