Даде гол и прослави со веење на израелско знаме, а потоа се случи хаос

Макаби Тел Авив со 2:1 славеше на гости во Исланд против Брејдаблик во меч од конференциската лига на УЕФА. Со оваа победа, израелскиот тим си обезбеди пласман во нокаут-фазата од третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Мечот го одбележа првиот гол на гостите кога Дан Битон реши да прослави со развејување на израелско знаме. Тогаш домашните навивачи од трибините започнаа да скандираат „Слободна Палестина“, а главниот судија на мечот реши да му даде жолт картон на стрелецот на погодокот поради начинот на прослава.

Тогаш се случи хаос, кога гостинските фудбалери жестоко реагираа, но за брзо време се смирија страстите и мечот продолжи без други казни.

- Оглас -

Најнови вести