Даде гол од пенал и тешко се повреди (Видео)

Порто славеше во дуелот против Брага со 3:2, а мечот ќе остане запамтен по чудниот начин на кој се повреди Алекс Тељес. Порто губеше со 2:1, а судијата покажа на белата точка во корист на португалскиот гигант.

Тељес го изведе пеналот и успеа да погоди, но веднаш потоа наместо да почне да се радува, падна на тревата и почна да се превиткува од болка. Според најавите, повредата на Тељес е сериозна и за него е завршена сезоната. Ова е тежок удар за Порто, кој е дел од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но и во домашното првенство води голема битка со Бенфика за освојување на титулата.

https://twitter.com/CimbomTV_/status/1112096320376975360

- Оглас -

Најнови вести