Даде гол од пола терен и се пофали дека не му е првпат (Видео)

Немања Шешлија за време на мечот од третата хрватска лига југ помеѓу БСК Змај и Кроација постигна гол од центарот на теренот, па 30-годишниот фудбалер се пофали дека не му е првпат да ја затресе противничката мрежа со шут од 50 метри.

„Не ми е прв таков гол, но најубав секако. Се молев топката да не заврши во пречката. Публиката прво вика дали си луд, што правиш, а три секунди подоцна викаат браво мајсторе, докторе, хахаха. Во првата полусезона имав сличен гол, тогаш од игра, сега погодив од прекин. Јас често имам вакви обиди, верувам дека до крајот на кариерата не ми е последен гол од центар. Искрено, сум имал и многу непрецизни обиди, моите шутеви знаеле да завршат и далеку зад голот, некогаш во аут, еднаш дури и на трибините“, вели Шешлија.

Мечот заврши 4-1 за Змај, а голот на Шешлија беше последниот со којшто ја запечати судбината на гостите:

- Оглас -

Најнови вести