Даде гол, па почна да плаче од тага (Видео)

Митјиланд го разби Копенхаген со 4-0 во меч од 34-тото коло на данската Суперлига, а посебно емотивен беше моментот кога Австралиецот Авер Мабил даде гол од пенал и потоа наместо да се радува, заплака од тага.

Иако 23-годишниот Мабил не е стандарден изведувач на пеналите на Митјиланд, му беше дозволено да шутне и голот да ѝ го посвети на својата сестра која неодамна загина во сообраќајна несреќа. Тој многу емотивно го прослави голот, со солзи во очите, соиграчите се собраа околу него, а Мабил покажа и маица со ликот на сестра му и со посебна посвета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести