Даде супер гол против „своите“, па се расплака (Видео)

Фудбалерот на Кајсериспор, Емрах Башсан, постигна убав гол против Галатасарај, а не само што не се радуваше, туку кога брзо по голот заврши првото полувреме, тој додека одеше кон соблекувалната, почна да плаче.

Башсан е поранешен член на Галата и тешко му падна тоа што даде гол против својот некогашен клуб. Во фудбалот често се случува некој од почит да не слави кога ќе даде гол против свој ексклуб кој му останал со срцето, но Емрах отиде чекор понапред – се расплака.

Ова е голот на Башсан:

https://www.youtube.com/watch?v=8EuF4yAFHHU

- Оглас -

Најнови вести