Дади ќе му биде соработник на Илчо на клупата во грчкиот тим Каламата

Каков ден за некогашниот капитен на младинската фудбалска репрезентација Владимир Димитровски. Во препладневните часови, поради повредата на грбот, популарниот Дади официјално стави крај на играчката кариера, а сега следува уште една новост.

Димитровски неодамна тргна и во тренерските води, и тоа како дел од Академијата на грчкиот гигант Олимпијакос на островот Крф. Сега, пред него е нов поголем предизвик. Веќе е јасно дека тој ќе биде дел од стручниот штаб на Илчо Ѓорѓиески, кој е промовиран во главен тренер во екипата на Каламата.

Каламата е клуб кој сезонава се натпреварува во втората Супер лига југ во Грција и моментно е на седмото место на табелата, но има само една победа во последните пет кола.

Според најавите од Грција, Каламата со македонскиот тренерски двоец утре и официјално ќе потпише соработка, а за в сабота е закажана презентацијата на тандемот Ѓорѓиески-Димитровски.

 

- Оглас -

Најнови вести