Дадоа пет гола, се важеа три, повеќе од доволни за полуфинале во ФА Купот (видео)

Саутхемптон е првиот полуфиналист во ФА Купот по убедливата победа на гостувањето кај второлигашот Борнмут со 3-0. Светците лесно го наоѓаа патот до дезориентираната одбрана на Борнмут, па затоа дебаклотна „Виталити“ стадионот беше неминовен.

https://streamable.com/smfd2i

Веќе во 10-тата минута имаше закана кон голот на домаќините, но за среќа ВАР го поништи автоголот на Картер-Викерс поради офсајд позиција. Во финишот од првиот дел тимот на Хазенхутл конечно успеа да го пробиде бедемот, па така Џенепо и Редмонд погодуваа во 37-та, односно 45-тата минута за двојна предност на гостите.

https://streamable.com/pfzt78

Саутхемптон продолжи со високото темпо и во второто полувреме, па така по само девет минути игра и Адамс го најде патот до мрежата на Беговиќ, меѓутоа судијата Еткинсон и ВАР повторно реагираа за недозволено позиционирање во клучниот момент. Веќе во следната акција на гостите, Редмонд по вторпат се запиша во листата стрелци и ја потврди убедливата победа и пласманот во топ 4 фазата.

https://streamable.com/9d8njw

- Оглас -

Најнови вести