Левандовски ќе го засили Фенербахче?

Турскиот гигант Фенербахче сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Роберт Левандовски како слободен агент.

Според информациите, турскиот клуб веќе воспоставил контакти со претставниците на искусниот напаѓач, додека самиот фудбалер ги разгледува опциите за продолжување на кариерата.

Полскиот голгетер е меѓу имињата предложени од Сафи, кандидат за претседател на Фенербахче, кој во случај на победа на изборите, сака да реализира звучен трансфер и да испрати силна порака до навивачите.

Левандовски на 37-годишна возраст ја напушти Барселона по четиригодишен престој во каталонскиот клуб, оставајќи значаен белег со своите настапи и голови.

Освен од Турција, интерес за полскиот напаѓач постои и од повеќе европски клубови, меѓу кои се Милан и Јувентус. Дополнително, сериозен интерес доаѓа и од Ал-Хилал, како и од клубови во САД.

Во наредниот период се очекува Левандовски да донесе одлука за својата иднина, а Фенербахче останува еден од најзаинтересираните кандидати за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести