Македонската фудбалската експедиција во која беа и репрезентативците кои синоќа играа пријателски меч со Турција со доцнење од околу 6 и пол часа, конечно слета во Скопје.

Тимот одамна требаше да биде во Скопје, но брзо по полетувањето од Истанбул рано попладнево, авионот наместо да продолжи за Скопје, од технички причини се врати во најголемиот турски град предизвикувајќи непријатно чувство кај сите.
Се чекаше друг авион со кој би се вратиле дома, следуваа неколку долги часови чекање на аеродромот за на крајот конечно да полетаат по вторпат и без проблем безбедно да слетаат во Скопје.


