Даер – Алексис Санчес 2-0: за една недела го елиминираше од ЛШ, и се вери со неговата бивша!

Ерик Даер ѝ стави веренички прстен на својата девојка Ана Модлер, неколку месеци откако почнаа да се забавуваат, па наскоро ќе стапат и во брак.

Ана е 24-годишен модел од Јужна Африка, а таа е поранешна девојка на фудбалерот Алексис Санчес кој сега игра за Марсеј. Врската на Ана и Алексис никогаш не беше официјално објавена, но тие живееја заедно за време на карантинот во 2020 година, и Ана објавуваше фотографии со кучињата на Чилеанецот, како и нејзини слики на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, во времето кога Алексис играше за Интер.

Сега таа е свршеница на Даер, фудбалерот на Тотенхем, а лондонските Петли неделава го исфрлија Марсеј на Санчес од Лигата на шампионите, па сеирџиите би рекле дека Даер извојува двојна победа над Алексис.

- Оглас -

Најнови вести