Даглас Коста нов член на Галаксијата од Лос Анџелес

Бразилецот Даглас Коста, кој во кариерата се прослави играјќи за Шахтар, Баерн и Јувентус, премина во американскиот тим Лос Анџелес галакси.

Даглас во богатата кариера освои 21 трофеј, а ќе се обиде да го направи тоа и во МЛС-лигата, играјќи како позајмен од Гремио во Галакси, клуб чиј технички директор е нашинецот Јован Кировски, инаку ексрепрезентативец на САД.

Бразилецот е второто звучно име после Џердан Шаќири, кој во последниве два дена потпиша за клуб од американската МЛС-лига.

- Оглас -

Најнови вести