Во ситуација кога речиси целиот спорт во Европа е стопиран поради Коронавирусот, тренерот на кошаркарскиот тим Игокеа, Драган Бајиќ даде предлог за тоа како треба да финишира регионалната АБА лига. Стратегот на Игокеа вели дека првенството треба да биде прекинато и дека, а титулата да биде предадена на Партизан, клуб кој е водечки во моментов.
„Проблемот е што не знаеме колку долго ќе трае оваа непредвидлива пауза. Гледам дека во некои земји ги прекинуваат првенствата и одлуките се да се додели титулата на екипата која во моментот е на првото место на табелата. Јас очекувам истото да се случи и во АБА лигата и во првенството на БиХ. Сигурно дека секоја лига си има правилник за вака непредвидливи ситуации. Пред одигрување на последното коло, во АБА лигата е кристално јасно, освем можеби за четвртото место и баражот за опстанок. Ќе повторам, сигурно има Правилник, но гледам дека во Украина и Литванија ги прекинаа првенствата“, вели Бајиќ.
Во моментот кога се прекина првенството во АБА лигата Партизан беше на челната позиција на табелата, пред Будуќност, Црвена ѕвезда и Цедевита.