Далас објави колку долго ќе паузира Лука Дончиќ

На еден од последните тренинзи Лука Дончиќ лошо нагази врз стопалото на еден свој соиграч и го повреди зглобот. Тоа е истиот зглоб поради кој Словенецот сезонава веќе пропушти четири меча, па Лука знаеше дека сега повторно ќе мора да мирува и беше многу лут по тренингот на кој се повреди.

По направените лекарски прегледи, потврдено е дека се работи за умерено истегнување на лигаментите и дека ќе мора да паузира барем две недели. Тренерот на Далас, Рик Карлајл рече дека Лука ќе мора да пропушти „барем шест меча“.

Ако овие прогнози се точни, тоа ќе значи дека првата ѕвезда на Далас ќе треба да се врати на теренот на 10 февруари за дуелот против Јута. Овој меч е претпоследен за Далас пред одигрување на Ол-стар мечот кој ќе се игра на 16 февруари во Чикаго, а Дончиќ е избран во првата петорка на Западот.

- Оглас -

Најнови вести