Далас оди по историја, и по трети пат сезонава ќе даде над 140 поени против Голден стејт?

Милвоки бакс – Њујорк никс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)

Домашните се фаворити, би требало лесно да излезат на крај со Никс, а ако рано го одлучат победникот, Јанис Адетокумбо нема да игра во финишот и можеби нема да ја надмине границата од 30 поени. Гркот на три од последните пет меча даваше над 30 поени, а на претходниот дуел со Њујорк направи трипл-дабл, но не постигна повеќе од 30 поени. Ако форсира, сигурно може да даде повеќе, Њујорк нема којзнае каква одбрана, но прогнозираме минус.

Предлог тип: Адетокумбо <30.5 (1.85)

 

Лос Анџелес клиперс – Кливленд кавалирс (Кошарка, НБА, 04.30 часот)

Каваи Ленард не играше против Њујорк, па одморен ги растури Голден стејт и Денвер на кои им уфрлаше 36 односно 30 поени. Клиперс првпат сезонава игра со Кавалирс и треба да биде рутинско одработување на задачата за домашните. Ленард нема кој да го запре и ова му е прилика да продолжи со давање 30 или повеќе поени.

Предлог тип: Ленард >27.5 (1.85)

 

Голден стејт вориорс – Далас маверикс (Кошарка, НБА, 04.30 часот)

Вориорс е најслаб тим во лигата, нешто незамисливо до пред некој месец, но повредите и заминувањата на ѕвезди си го сторија своето. Маверикс игра променливо, а секако ќе биде фаворит на овој меч во Сан Франциско. На Лука Дончиќ му се отвора пат за нови мајстории и да го наполни кошот на тимот од Калифорнија. Далас може да испише историја и да стане првиот тим од далечната 1962 наваму кој во иста сезона трипати дал 140 поени против ист ривал.

Предлог тип: Дончиќ >30.5 (1.85)

 

Бруклин нетс – Јута џез (Кошарка, НБА, 01.30 часот)

Ова е сериозен тест за Нетс и Кајри Ирвинг. Ирвинг на првиот меч после двомесечната пауза даде 21 поен за 20 минути, но тоа беше против многу послаб тим од Јута. Мрежичките имаа 13-13 без Ирвинг. Џезерите имаат дури девет победи едноподруго, загубија само еднаш на последните 15 натпревари. На овие 15 меча, Јута дава просечно 115,1 поени по меч. Голема опасност за домашните ќе доаѓа од нивниот екс играч, Хрватот Богдановиќ кој има просек од 21 поени. Јута има 9-2 во последните 11 дуели со Нетс.

Предлог тип: >5.50 (1.65)

 

Мемфис гризлис – Хјустон рокетс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)

Тука типуваме победа на гостите, иако младиот тим на Гризлис е во форма и има пет победи по ред. Ова е средба на која статистички би требало да има многу поени, но во ноември на нивниот меѓусебен дуел беше 107-100 за Хјустон. Искуството е на страна на Рокетс, но ќе треба добро да се помачат за победа. Гризлис е без Игудала, а кај Хјустон ќе го нема Вестбрук.

Предлог тип: 2 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести